Секси политичарката го полуде светот: Никој не ја слушал расправата во парламентот, сите гледале во нејзиното бујно деколте

962

Бразилска политичарка од Санта Катарина се најде на мета на критики на социјалните мрежи бидејќи се појавила во парламентот во провокативен црвен комбинезон со длабоко деколте.

Поранешната градоначалничка на Бомбинхас, Ана Паула да Силва, на почетокот од месецот присуствувала на парламентна седница на која го привлекла целото внимание со изборот на облеката. 

На социјалните мрежи, таа објавила фотографија со опис дека е “време за работа”, меѓутоа повеќето луѓе гледале само во нејзиното деколте. Во коментари, еден маж напишал дека “очекува пратеничката да ги покаже своите способности без соблекување”.

Други пак се запрашале дали таа е “претставничка на проститутките”.

Во интервју за тамошните медиуми, Ана Паула позната и како Паулина изјавила дека нема да го крие своето тело за да задоволи било кој и признала дека не очекувала толку коментари на оваа тема. Од Санта Катарина соопштиле дека нејзината облека била во склад со правилникот и дека немало повреда на пристојноста.