Селена Гомез сподели фотографија во спортски костим за капење и испрати силна порака за своите 193 милиони следачи на „Инстаграм“.
„Кога направив трансплантација на бубрегот, се сеќавам дека ми беше многу тешко да ја покажам лузната. Не сакав да биде на фотографии, затоа носев работи што ќе ја прикријат.
„Сега, повеќе од кога било, се чувствувам сигурна во тоа која сум и низ што поминав… и се гордеам на тоа. Мојата порака до жените е: сите тела се убави.
Во септември 2017 година познатата пејачка и актерка ги изненади своите фанови кога сподели дека ѝ била извршена трансплантација на бубрегот поради лупус, операција што ѝ го спасила животот. Бубрегот ѝ го донирала нејзината најдобра пријателка Франсија Раиса.