Селма Хаек искрено и отворено за својот брак и мајчинството: „Уморна сум, нема да лажам!“

847

Пино го нарекла „најдобриот маж на светот“

Селма Хаек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино се веќе десет години во брак, но шармантната актерка честопати не сака да зборува за тоа како тие двајца се запознале. А има и добра причина за тоа:

„Тоа е толку романтична, неверојатна приказна, но моја е. Не сакам да ја вулгаризирам така што ќе ја претворам во приказна што ќе ме направи интересна“, изјавила таа за еден американски магазин.

Селма и францускиот бизнисмен се повеќе од успешни во професиите со кои се занимаваат, а нивната приватна љубовна приказна, главно остана приватна во последниве 10 години.

Кога нивната романса почнала, Хаек имала 39 години, а кога ја родила својата ќерка Валентина (11) имала 41 година.

„Мислам дека сум подобра во улогата на мајка, бидејќи ќерка ми ја родив малку подоцна. Но уморна сум. Нема да лажам“, признала таа.

Валентина е „многу креативна, многу паметна, многу духовита, но и тврдоглава“, ја опишала гордата мајка својата 11-годишна ќерка.

Што се однесува до нејзината десна рака, Пино, него го нарекла „најдобриот маж на светот“. Таа за него вели:

„Јас сум своја кога сум со него и не чувствувам дека некој се обидува да ме ограничи во кој било поглед.“

Актерката била особено искрена кога зборувала за реакциите на луѓето на нејзината свадба со францускиот бизнисмен.

„Многу луѓе беа шокирани што се омажив за човекот за кого се омажив. А некои луѓе сега на некој начин се плашат од мене. Но тоа е уште еден начин на покажување расизам. Тие не можат да веруваат дека оваа Мексиканка успеала во својот живот и непријатно им е во мое присуство“, рекла таа.