Сензорот на леталото “детектирал” звук: Што се слуша на Марс?

1014

Сензорите на “Insight Lander” на НАСА, на Марс детектирале звук кој го произведуваат северозападни ветрови, кои дуваат со брзина од 16 до 24 километри на час.

Звукот го забележал сензорот, откако ја кренал вибрацијата која ја создала насоката на ветерот. Друг сензор кој детектирал звук на Марс бил сеизмометарот “Insight”, кој го снимил звукот кој ветерот го произвел додека минувал над поставените соларни панели.

“”Insight Lander” е однесува како огромно уво”, објаснил Том Пајк, член на научниот тим на “Insight”, пренесува “Sputnik”.

“Lander” на Марс се спуштил на 26-ти ноември 2018-та година. Веќе пет дена подоцна сеизмометарот забележал вибрации, кои настанале поради ветровите на Марс.