Сергеј Варошлија ја нарече “мутирана Лила”, а водителката му одговори на провокациите: “Изгледаш на црвче во хеланки”

1257

Доколку го следите шоуто на Сергеј Варошлија, сигурно знаете дека тој често знае да упати критики до бројните македонски познати личности.

Овој пат на тапет се најде и Бојана Скендеровски, некогашната пејачка, а денес позната водителка на емисијата “На улица Македонија”. Сергеј ја нарече Бојана “мутирана Лила” и го критикуваше нејзиниот стил на облекување. 

Но, водителката не успеа да се воздржи пред критиките на стилистот, па затоа му посвети статус на нејзиниот Фејсбук профил:

“Слушам кај лепотанов, хермафродитов или не знам кој род е, не знае ни сам што е, јас сум дошла на ред за плукање…те чекав искрено, и тоа со мерак…. Епа вака душо….ти што немаш професија, односно “градиш” во моментов некоја кариера, и лажеш дечиња да фаќаат сеир, искрено си за жалење, изгледаш на црвче во хеланки и си многу, ама многу лошо нашминкан и пропагираш “изблајхани” коси, како што е впрочем твојата….(подгоренка и ретка). 

Продолжи да бидеш лингур и да си ги фалиш другарките или пак тие што ќе те почастат по нешто….те разбирам,мора да се живее од нешто…. Ти благодарам за убавиот избор на мои фотографии…. Добра ноќ”, напишала Скендеровски на својот профил.