Сестрата на Ким му порача на Бајден: „Не создавај немири на секој чекор, доколку сакаш да спиеш мирно наредните 4 години“

836

Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, вчера ѝ порачала на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден „да не создава немири на прв чекор“.

„Би сакале во оваа прилика да ја предупредиме новата американска администрација. Доколку сака да спие мирно наредните четири години, подобро е да се воздржи од создавање немири на секој чекор“, изјавила Јо само неколку часа откако Белата куќа изјави дека Северна Кореја засега не одговара на повиците за разговор.

Заеднички воени вежби

САД и Јужна Кореја моментално спроведуваат заеднички симуларни воени вежби, а американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министер за одбрана Лојд Остин слетале во тој регион за да се состанат со јапонските и јужнокорејските колеги, пренесува „CNN“.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, вчера за новинарите изјавила дека се обидувале да стапат во контакт со Северна Кореја, додавајќи дека имаат „многубројни канали по пат на кои што можат да испратат пораки“.

„Секогаш целта ни се дипломатските преговори и намалување на можноста на ескалација. Но, до нас не стигна никаков одговор“, изјавила Псаки.