Северина ја победи короната, па се потсети на одморот – Позира во проѕирна летна тантела!

666

Пред две недели, Северина објави дека е позитивна на коронавирусот и поради тоа одморот во Далмација мораше да го прекине за некои подобри времиња.

Наводно таа излегла од карантинот кој го поминала во Загреб, а сега со носталгија се присетува на опуштените денови на Јадранот – пренесува „Директно“.

Таму и настанале овие сензуални фотографии на кои позира од глава до пети во тантела, а кои сега ја здогледаа светлината на денот.