Популарната пејачка Северина неодамна објави дека е позитивна на коронавирус, но дека нема никакви симптоми. Бидејќи добила низа пораки како поддршка, одлучила и јавно да им се заблагодари на своите обожаватели…
„И јас ве сакам“, напишала Северина кратко и јасна во објавата, со хаштагот „да останеме одговорни“, покрај низата фотографии на кои позира во блуза со точки и со минимална шминка на лицето.
„Изгледаш како девојче од 22 години“, „Шеќер“, „Се надевам дека си добро“, „Првата слика е баш супер“, „Кралице држи се, глава горе“, „Прекрасна жена“, „Северина, убавица си фина“, „Жена со најмногу сексапил“, „Колку си прекрасна“… – пишувале обожавателите во коментарите.