Засилените контроли на границата и меѓународните санкции можеби најмногу придонеле за ваквата состојба, бидејќи Северна Кореја е најизолираната земја во светот преку глобалната иницијатива позната како Ковакс, Северна Кореја повторно ќе ги отвори своите граници, но за да ги прими вакцините против ковид-19
И покрај тврдењата за нула-случаи со ковид-19, Северна Кореја ќе добие речиси 2 милиони дози вакцини , објави списанието „The World“.
Набљудувачите сметаат дека засилените контроли на границата и меѓународните санкции можеби највеќе придонеле за ваквата состојба, бидејќи Северна Кореја е најизолираната земја во светот.
Кога пред повеќе од една година се појавија вести за новата болест слична на пневмонија со потекло од кинескиот град Вухан, соседна Северна Кореја беше една од првите земји што буквално ја запечати својата граница. Влегувањето од странство таму сè уште е забрането, додека исто толку тешко е и да ја напуштиш.
Сега, преку глобалната иницијатива позната како Ковакс, Северна Кореја повторно ќе ги отвори своите граници, но за да ги прими вакцините против ковид-19. Конзорциумот на владини, приватни и невладини агенции на Светската здравствена организација неодамна објави дека ќе и обезбеди на Северна Кореја 1,7 милиони дози од вакцината „Астра Зенека“, за околу 25 милиони луѓе колку што се проценува дека живеат во Северна Кореја.
Засега не се знае како ќе се доставува и дистрибуира вакцината, а вработените во Ковакс не одговараат на барањето за интервју за „The World“
Џером Ким, генерален директор на Меѓународниот институт за вакцини во Сеул, објаснува дека со оглед на ограничените ресурси и инфраструктурни предизвици на земјата, вакцината „Астра Зенека“ е можеби најдобрата опција во моментот.
„’Астра Зенека’ е веројатно најлесната вакцина за дистрибуција, бидејќи за разлика од некои други вакцини што треба да се чуваат на ниски температури, оваа може да се чува во обичен фрижидер. Исто така, може да биде ефикасна и по само една доза“,
вели тој.
Пандемијата дополнително ја оддалечува од остатокот од светот
Но, некои други медицински експерти сметаат дека сите обиди да се спроведат вакцинации или други кампањи за јавно здравје во Северна Кореја се попречени од меѓународните санкции воведени како казна за Пјонгјанг за неговата програма за нуклеарно оружје.
Ки Парк, директор на програмата на Северна Кореја при Американското корејско здружение, објасни дека лековите и медицинските производи се технички ослободени од забрани за увоз, но групите за помош се многу претпазливи во врска со санкциите на САД и ООН.
Рестрикциите поттикнати од пандемијата, исто така, ја стопираа речиси целата трговија со Кина, кој е најблискиот сојузник и трговски партнер на Пјонгјанг. Оваа изолација создава уште понесигурна ситуација за многу Севернокорејци, со огромен недостиг на секаков вид стока, вклучувајќи ги и основните како сапун и паста за заби. Цените на храната се зголемени за време на пандемијата, со што некои производи како пченка станале недостапни за најсиромашните во земјата.
Пјонгјанг, исто така, ги игнорираше постојаните понуди на Сеул за хуманитарна помош и дури минатата година убие еден јужнокорејски владин претставник кој наводно имал коронавирус. Пренесува 360 степени.