Ракометарите на Вардар синоќа запишаа победа на домашната пресметка во Лигата на шампионите, против Мешков Брест од 35-27.
На овој натпревар прв пат по долго време во елитното натпреварување, вардарци играа со поддршка од трибините. Секако, тука беа и најверните фанови, „Комити“ кои со својата песна го водеа тимот до победата. По крајот на дуелот, на трибините во салата, но и на теренот одекна познатата песна „Шампионе, шампион, Вардаре шампионе“.
- Видео од трибините по дуелот со Мешков Брест:
Играчите на теренот ги испочитуваа присутните најверни навивачи и заедно со нив ја отпеаја песната која многупати досега е слушната во СЦ „Јане Сандански“.