Шампионите имаат секси девојки, но на Туван е пред сите

769

Репрезентацијата на Франција е нов светски фудбалски шампион, откако во финалето на Мундијалот во Русија триумфираше над Хрватска со 4:2. Ова е голем успех на „триколорите“, но исто толку слават и нивните секси девојки, кои во текот на целиот турнир го бодреа од трибините, па сега заедно уживаат во златниот трофеј.

Мора да се истакне дека француските фудбалери имаат добар вкус кога девојките се во прашање. Имено, фудбалерот на Манчестер (Ј), Пол Погба, до себе ја има манекенката Марија Салајес, поранешна агентка за недвижнини. Оливие Жиру, пак, е со сопругата Џенифер, со која има три деца. Ерика Шопрен неколку пати му кажа „не“ на Антоан Гризман, за на крај да прифати да излегува со него, а се започна додека голгетерот го носеше дресот на Реал Сосиедад. Марина од 2002 година е со голманот Хуго Лорис, Изабела е девојката на Блес Матуиди, Рејчел Трапаин е девојка на Бенџамин Павард, додека Алисија Ајлис е девојка на Килијан Мбапе. Но, можеби најубава меѓу овие е Шарлот Пирони, девојката на Флоран Туван.