Масовна поддршка доби работникот во Старбакс што само ги почитувал новите упатства за коронавирусот во Калифорнија.
Еден гневен пост на интернет, чија цел била да посрами шанкер во Старбакс зашто едноставно ги следел регулативите за коронавирусот – ѝ се врати на Амбер Лин Гилс како бумеранг, вели британски Индипендент.
Гилс на Фејсбук објави фотографија од работникот во Сан Диего Старбакс, Ленин Гутиерез, и им рече на следбениците дека одбил да ја послужи затоа што не носела маска.
Освен тоа, покривката за лице, додаде таа, „е глупава, а глупави се и луѓето што ги носат“.
Резултатот?
Илјадници луѓе ѝ одговорија дека калифорнискиот државен закон сега бара скоро сите да носат маски на јавни места, а страницата „Фундирај ме“ (GoFundMe) покрена иницијатива 24-годишниот Гутиерез да добива бакшиш како знак на поддршка.
До саботата наутро, сумата на бакшишот изнесуваше 50.000 американски долари.
Barista attacked online for refusing to serve woman without face mask gets more than $50,000 in tips https://t.co/LHgcv91kX2
— The Independent (@Independent) June 28, 2020
Г-ѓа Гил, во меѓувреме, се повлече откако рече дека добила илјадници смртни закани.
Во видеото снимено по објавата на виралниот оригинален пост, Гутиерез, танчар во подем, за инцидентот рече дека сакал да ѝ покаже документ дека бараат да се носат маски за лице, но дека таа го одбила.
„Почна да жестоко да колне, почна да ги нарекува луѓето овци и си замина, а по неколку минути се врати и ме праша како се викам.“
Заблагодарувајќи им се на луѓето за бакшишот, тој рече: „Сакам да ги потсетам сите да бидат љубезни едни кон други и да се сакаат едни со други“.