Шариќ: Мундијалот не е свадба па да се делат покани

808

Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Дарио Шариќ беше многу разочаран по вчерашниот пораз од Полска и сведување на минимум на шансите за пласман на Светското првенство.

По осум рунди од мундијалските квалификации хрватските кошаркари со само три победи и пет порази се на последното (6.место) во Ј-групата.

Во слична ситуација е и актуелниот европски првак Словенија, па во јавноста се појавија информации дека ФИБА ќе дели специјални покани за учество на СП 2019.

– Постојат некои можности по административен пат да се обезбеди учество на Светското првенство. Се зборува за некакви покани. Сепак, јас сум против тоа и се согласувам дека Мундијалот не е свадба па да се делат покани, изјави Хрватот од НБА лигата, Дарио Шариќ.