Многумина се воодушевени од оваа глетка!
Познатата пејачка Драгана Мирковиќ, која деновите во изолацијата ги поминува со семејството во нејзиниот раскошен замок во Австрија, сега покажа дел од луксузниот дом што малкумина досега го виделе.
Мирковиќ објави фотографија од просторијата во која ги држи своите награди и златните плочи.
Мојата соба за трофеи и некои од моите драги награди. Сакав да го споделам ова со вас и повторно да ви се заблагодарам што, благодарение на вас, ја носам титулата за најнаградувана пејачка. Ви благодарам многу, ве сакам – напиша музичката ѕвезда на својот Инстаграм профил.
Да потсетиме дека Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бијелиќ, во една прилика не сакаа да го продадат нивниот прекрасен замок во вредност од 50 милиони евра, за што еден богат шеик од Обединетите Арапски Емирати им понуди неверојатни 200 милиони евра!
Во замокот живеела Марија Тереза
Инаку, кога Драгана стана сопственичка на замокот, неколку години го реновираше. Бидејќи зградата е под државна заштита, потребно е да се следи пропишаната процедура. Во прашање е замок кој има богата историја – на крајот на 17 век, во замокот во Ебенфурт често престојувала Марија Тереза, единствената жена владетелка и последната од династијата Хабсбург, со што Мирковиќ посебно се гордее.
„За мене, овој замок нема материјална вредност. Има нешто што е многу повеќе од тоа. Прекрасно е чувството да се шета низ просториите и да се спуштам по скалите по кои одеше Марија Тереза, како и Берта фон Сатнер, добитничката на Нобеловата награда за книжевност во 1905 година. Таа со години секое лето минуваше во замокот. Нашата цел е да ја сочуваме оваа историска градба“ – изјави во една пригода Драгана.