Шерон Стоун, која својата мегапопуларност ја стекна благодарение на улогата во хит-филмот „Основен инстинкт“ (1992 г.), во кој глумеше со Мајкл Даглас, ја прими наградата „жена на годината“, која ја доделува списанието GQ во Берлин, и одржа говор на сцената пред многубројната публика, во која седеше и нејзиниот 19-годишен син Роан Бронстин.
За време на говорот, популарната актерка ја повтори култната сцена од филмот, за која вели дека и’ го сменила животот.