Шерон Стоун во врска со раперот „RMR“?: „Тие излегуваат заедно и одлично се забавуваат“

674

63-годишната актерка Шерон Стоун важи за една од најпаметните дами на Холивуд.

Покрај својата остроумност, таа е позната и по одличниот изглед и фигура, а неодамна ги споделила своите правила за виткото тело и затегнатото лице, но сепак премолчела еден важен факт – љубовта.

Имено, се шпекулира дека актерката веќе со месеци е во врска со 25-годишниот рапер „RMR“, чиј имиџ е по малку бизарен. Тој во јавноста се појавува со маска за скијање на лицето и со златни навлаки на забите, а неговото вистинско име не ѝ е познато на јавноста.

Гласините дека се во врска ги поттикна и најновата фотографија на која раперот ја прегрнува Шерон. Парот на концертот на раперот Дрејк танцувал во хип-хоп ритам и пиел коктели, а „RMR“ изјавил дека Шерон е „неверојатно кул“.

„Засега им одговара да се дружат на ваков начин. Тие излегуваат заедно и одлично се забавуваат“, вели извор близок до парот.