Тоа што го бараат Бугарите е лудост. Вие не можете денес да барате од Македонците да се откажат од својот македонски јазик и од својот македонски индентитет. Тоа е веќе формирана нација и Бугарите тука немаат што да бараат и поставуваат услови.
Ова во вечерашното интервју со емисијата Во Центар го кажа Претседателот на Српската радикална странка, Војислав Шешељ.
Според Шешељ, Македонците говорат на старо штокавски јазик на кои говореле предците на Словените, а денес na тој јазик говорат Русите. Тоа е стар јазик од кои потоа настануваат и останатите словенски јазици.
Шешељ не очекува нова војна на Балканот. Тој оценува дека победата на Бајден може да ги зголеми очекувањата на Албанците, но дека во овој момент Србија со големите инвестиции во армијата е воено супериорна држава.
Според негово мислење меѓународната заедница денес на Балканот спроведува политика на пензионирање и елиминирање од политиката на сите политичари кои биле замешани во воените конфликти. Тоа сега се случува и на Косово, вели тој.
Не очекувам дека Хашим Тачи ќе биде осуден, вели Шешељ, но тој повеќе нема да биде значаен политички фактот.
Според него односите меѓу Македонија и Бугарија ќе се решат во една задедничка панславенска унија.