Шест македонски државјани фатени со лажни ПЦР-тестови на скопскиот аеродром

534

Шестмина Македонци се фатени со фалсификувани негативни ПЦР-тестови на скопскиот аеродром.

„Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривични пријави против шест лица, државјани на Република Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела фалсификување исправа и непостапување според здравствените прописи за време на епидимија. Пријавените, на 12, 13 и 14.03.2021 на gраничен премин Меѓународен аеродром – Скопје приложиле фалсификуван негативен ПЦР-тест“, соопшти МВР.