Шест нерешени мистерии за фараонот Тутанкамон

717

На 26-ти ноември 1922-та година отворена е гробницата на фараонот Тутанкамон која во Долината на кралевите кај Луксор ја открил англискиот археолог Хауард Картер.

Картер и лорд Карнавон биле првите луѓе кои влегле во гробницата по повеќе од 3.000 години кога во неа бил положен фараонот.

Тутанкамон бил египетски фараон. Владеел најверојатно од 1334-та година п.н.е. до 1325-та година п.н.е. за време на 18-та династија.

Неговото првобитно име, Тутанкатон значи “жива слика на Атон“ додека пак Тутанкамон значи “жива слика на Амон“.

Нерешени мистерии на Тутанкамон

1. Не е познато кои биле родителите на Тутанкамон. Тој се споменува како кралски син, но не е јасно за кој крал станува збор. Најголемиот број од експертите сметаат дека тој бил син на Аменхотеп III или пак Аменхотеп IV. Кога Тутанкамон го наследил Ехнатон на престолот, Аменхотеп III веќе подолго време бил мртов.

испитувањата на неговата мумија зборуваат дека Тутанкамон бил многу млад кога починал. Се претпоставува дека тогаш имал само 19 години. До овој заклучок дошле по испитувањата на неговите заби. Доколку ова е точно тогаш тоа би значело дека Тутанкамон бил роден помеѓу 1342-та година п.н.е. и 1340-та година п.н.е.

2. Не е познато кој владеел пред него. Наводно тоа бил Сменкар, многу контроверзна личност од историјата. Некои сметаат дека тој бил роднина на Енхенатон.

3. Во денешно време Тутанкамон спаѓа во најпознатите фараони пред сè поради тоа што тој е единствениот египетски фараон чија гробница е пројандена недопрена во 20-от век.

4. Не е познато ни кој владеел после него. Тутанкамон починал на 19 години и немал наследници. Историските записи кажуваат дека бил оженет со Анкесена, ќерката на Нефертити и дека имале две ќерки кои починале набрзо по нивното раѓање.

5. Тутанкамон го наследил Ај, а набрзо потоа Хоремхеб.

6. Причината за смртта на Тутанкамон долго не е позната. Телото првпат го испитувал тимот на Хауард Картер во 20-те години на 20-от век. Во 2005-та година египетскиот археолог Захи Хавас ги изнел резултатите од истражувањето според кои нема податоци кои би укажувале на тоа дека фараонот е убиен. Постоела дупка во главата, но таа најверојатно настанала во текот на мумифицирањето. Постојат индикатори дека можеби Тутанкамон ја скршил ногата и дека е возможно да починал поради инфекција на ногата.