По вчершното појавување на видеото на социјалните мрежи, како извесен Адријан кој што сака да ја избегне гужвата во градот вози по велосипедската патека, се огласи и гадоначалникот на Скопје – Шилегов.
Тој во објава на социјалната мрежа Фејсбук извести дека на возачот времено му е одземено возилото, како и дека истото се здобило со парична казна.
Градоначалникот на Град Скопје објави фотографии на социјалната мрежа Фејсбук, па напиша:
„Тик ток ‘фраерот’ што возеше по вело патека на 8-ми Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено“, соопшти градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вчеравечер на Фејсбук.