Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ги охрабрил своите сограѓани да одат на работа на село и да возат трактори како начин за надминување на епидемијата од коронавирусот.
Лукашенко во обраќањето до службениците на состанокот кој бил емитуван на телевизија, рекол дека “не треба да има паника околу вирусот”.
“Само мора да се работи, посебно сега, на село. Убаво е да се види на телевизија како луѓето работат со трактори и никој не го споменува вирусот. Тракторот ќе ги излечи сите. Полињата ќе ги излечат сите”, нагласил Лукашенко.
Белоруското Министерство за здравство претходно соопштило дека бројот на пациенти кои биле позитивни на тестот за коронавирусот пораснал на 36.
