Романката Рифка Станеску, која на 12 години родила дете, официјално е најмладата баба на светот – на 23 години се пофалила со внуче.
Приказната за Рифка Станеску во 2011-та година го обиколила светот, кога со само 23 години станала најмлада баба на светот. Таа, имено, ја родила ќерката Марија кога имала само 12 години, но и покрај фактот дека ја воспитувала да не тргне по нејзините стапки, нејзината ќерка забременила кога имала 11 години.
Младата баба, од селото Ивести во Романија, вели дека советувала својата ќерка да оди во училиште, но тоа не вредело.
Нејзиниот внук сега има речиси 8 години и веќе има планови за своја свадба.
“Среќна сум што сум баба, но сакав нешто друго за Марија. Нејзиниот син Јон е добро дете, и веќе на осум години се сврши со девојката. Секогаш е добро да се имаат машки деца – бидејќи тие патат како што патат девојчињата”, вели Рифка.

Рифка се спротивставила на своето семејства и побегнала со продавачот на накит Јонел Станеску кога имала 11 години. Тие се венчале, а набрзо Рифка забременила. Интересно е што Романката на овој начин успеала да го избегне договорениот брак, кој нејзиното семејство го планирало за неа.
“Сакав да се омажам со него. Секако, кога побегнав, ние двајца секоја вечер бевме заедно и не постоеше ништо и никој што можеше да не раздели”, признава оваа необична баба.
Сепак, колку и да сакале Јонел и Рифка нивната ќерка да се посвести на образованието, таа сепак одлучила да се мажи млада.
