Шок реакција, Западот застанал на страната на Србија! Вучиќ од Собранието: Само што ми јавија дека западните сили реагирале на акцијата на РОСУ во Зубин поток

2753

Само што добив информација дека големите западни сили реагирале на акцијата на РОСУ во Зубин Поток и кажаа дека тоа нема врска со борбата против корупцијата, туку дека тоа е пречекорување на мерките, им рекол Вучиќ на пратениците во Собранието.

“Ова е добра вест, кажав дека Србија ќе победи”, рекол кратко Вучиќ во Собранието.

Претседателот рекол дека западните сили официјално ја поддржале денешната акција, но разговарале со претставници на Приштина и им кажале дека ги пречекориле мерките.

“Претпоставувам дека поради тоа започнале со повлекување на северот на Косово, но едно е сигурно, тие ќе продолжат со ваквите провокации”, рекол Вучиќ.

Вучиќ го открива планот на Албанците! Уапсениот Русин ќе се обидат да го претстават како шверцер!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Собранието изјавил дека Приштина веројатно ќе се обиде да го претстави уапсениот руски административец на УМНИК како шверцер кој е вмешан во криминал.

“За рускиот државјанин официјално реагираше и амбасадорот на Русија Чепурин. Веројатно во Приштина ќе кажат дека тој Русин е некој шверцер кој учествувал во криминални работи, па тоа сега на некоја нова Штрахе снимка и ќе ни го покажат”, рекол Вучиќ во парламентот.

Вучиќ претходно рекол дека Хашим Тачи потврдил дека уапсиле руски државјанин, како и дека на КиМ Албанците сакаат да бидат “Херои на Америка и да покажат дека можат да прават што сакаат и како сакаат”.

Според уште непотврдени информации, претепан и приведен бил еден руски државјанин на КиМ, Михаил Красношченко, работник во администрацијата на УМНИК.

Рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин, по повод актуелните случувања на Косово, изјавил дека Русија одлучно го осудува упадот на косовските специјалци на северот населен со Срби, соопштила Амбасадата на Русија во Белград.

“Одлучно го осудуваме упадот на косовските специјалци во реоните на северот на Косово и Метохија населени од Срби. Тоа е многу опасно и се коси со сите постоечки договори. Револтирани сме од провокацијата на приштинските власти во односот со рускиот државјанин, соработникот на УМНИК, Михаил Красношченко. Бараме неодложно ослободување на Русинот и повикување на одговорност на сите кои се виновни за овој инцидент”, порачал Чепурин.