Шок во Турција: Поранешната сопруга ја прободе пред очите на нивната ќерка (Видео)

786

Шок во Турција: Поранешната сопруга ја прободе пред очите на нивната ќерка

Турција во шок сите зборуваат за немилосрдното брутално убиство на Емине Булут.

Убиството се случува на 18 август во кафеана во месноста викана Кирикале во Турција, каде што поранешниот брачен пар и нивната десетгодишна ќеркича се наоѓаат за да се договорат околу исходот на разводната постапка пред тамошниот суд. Во еден момент поранешниот сопруг вади нож и ја прободува Емине Булут во пределот на вратот пред очите на невната ќеркичка, по убиството се качува во такси и си заминува.

На социјалните мрежи се појави видео снимката од настанот и таа снимка ја дигна на нозе цела Турција каде што Емине Булут целата крвава на нозе и вика на својата ќерка „Не сакам да умрам“ а нејзината десет годишна ќерка вика „Мамо те молам, не умирај“.

„Посакувам Божја милост кон Емине Булут, која беше брутално убиена. Веднаш по убиството, напаѓачот веднаш беше уапсен. Правниот процес продолжува. Верувам дека казната што ја заслужуваат од правосудните органи ќе биде изречена без одложување “, рече министерот за правда Абдулхамит Ѓул.

Во првите седум месеци од годинава во Турција се убиени 285 жени. Само во јули на територијата на земјата се убиени 31 жена, пишува весникот „Јени шафак”.

Според весникот, во последните седум години, убиствата на жените во земјата се зголемени четири пати.

Весникот наведува дека и покрај желбата на заедницата да се спречат насилствата и убиствата врз жените во пракса е спротивно.

Во последните десет години, во Турција се убиени 2.337 жени. Во 2011 година животот го загубиле 121 жена, а во 2018 година 440 жени се убиени.