Била тоа најголема вест на планетата – двајца британски нуркачи ги пронашле 12-те исчезнати деца и нивниот тренер во пештерата на Тајланд, живи и здрави, откако десет дена биле заробени длабоко под земја. За извлекување на децата и младиот тренер била потребна голема сила, но и одредени лекови и храброст на вклучените во мисијата.
Истражувачкиот новинар Лијам Кокрен во својата книга го опишал чудното спасување кое го следел целиот свет.
Тој во книгата открил шокантни детали од спасувачката операција. Службениците на родителите на децата и новинарите рекле дека нуркачите ги учеле децата како се нурка за да ги подготват за спасувачката операција.
Меѓутоа, Лијам наводно дознал дека нуркачите не ги обучиле децата да нуркаат и немале планови во таа насока. Наместо тоа, тврди тој во својата книга, службениците знаеле дека единствен начин да ги спасат децата е да ги дрогираат за нуркачите да можат да ги извлечат низ тесните тунели.

Властите знаеле дека истекува времето за спасување, бидејќи биле прогнозирани обилни дождови, кои дополнително ќе ја поплавеле пештерата и би оневозможиле било каква операција за спасување. Знаеле дека не можат да ги подготват децата за тричасовно нуркање во толку краток временски период. Наместо тоа, донеле одлука на децата да им дадат коктел од три лека. Децата потоа биле врзани со лисици за нуркачите.
Докторот Ричард Харис, кој им помагал во осмислување на планот, рекол дека не е сигурен дали тоа ќе функционира и пред да се согласи да помогне барал имунитет во случај нешто да тргне на лошо.

Властите знаеле дека нивниот план е опасен и дека некое од децата може да настрада, но исто така знаеле дека мораат да ризикуваат, бидејќи ако не направеле ништо, сите заробени во пештерата ќе умреле.
Чудесно, сите момчиња и нивниот тренер ја преживеале опасната операција за спасување.
