Џеј Зи и Бијонсе се пар којшто сведочи за тоа дека освен успехот и славата, важна е и љубовта кон партнерката и семејството. Тие се долги години заедно и сите сме запознаени со тоа колку е силна нивната љубов но, она што не вчудоневиди беа објавените фотографии од спалната соба на брачниот пар.
Откако се заедно Бијонсе и Џеј Зи, нивната врска беше најозборувана и најактуелна во светот откако тие објавија емотивно видео од церемонијата на обновувањето на заветот, каде што главни ѕвезди беа нивните близнаци Руми и Сер, како и малечката Блу Ајви.
А сега открија уште подлабоки и интимни детали, така што споделија никогаш објавени фотографии од нивната спална соба. На една од нив, Бијонсе е целосно гола, легната во прегратките на нејзиниот сопруг.
На оваа фотографија Бијонсе позира целосно гола на плажа.
Овие фотографии биле објавени во книгата за нивната турнеја “On the Run Tour”.
