Шокантни видео снимки од Белград: И со цигли по кошаркарите на Будуќност, потоа извици шиптари шиптари! (ВИДЕО)

1857

Со доцнење од еден час, поради хаосот во „Пионир“ во Белград, синоќа почна мајсторката од финалната серија за титула во АБА лигата меѓу Црвена Звезда и Будуќност.

Гостинските кошаркари беа нападнати со само излегување за загревање пред натпреварот, а на крајот некои беа и повредени. Шокантни видео снимки се појавуваат во меѓувреме по социјалните мрежи на кои се гледа дека домашните хулигани ги напаѓаат кошаркарите на Будуќност и со цигли…

Инаку мајсторката, односно петиот и последен натпревар од финалната серија на АБА го доби Црвена Звезда со 97-54.