Резултатите од токсиколошките испитувања на телото на Емилијано Салаоткрија дека фудбалерот имал голема доза на јаглерод моноксид во крвта.
Аргентинецот го загуби животот на 21 јануари, кога авионот кој го носеше во Кардиф се сруши во каналот Ламанш. Неговото тело беше пронајдено неколку дена подоцна, а потоа однесено на обдукција и понатамошни испитувања.
Поради високото ниво на оваа смртоносна супстанца, се шпекулира дека пилотот и Сала се онесвестиле од количината и пред авионот да падне во вода.
Во текот на зимскиот период, аргентинскиот интернационалец направи трансфер од Франција во Англија.
Смртта го погоди неговиот татко кој неколку месеци подоцна исто така почина, од преголема болка.