Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер откри детали од периодот кога како играч го носеше дресот на најтрофејниот англиски клуб.
Иако на клупата тогаш беше Алекс Фергусон, дисциплината не била на завидно ниво и речиси редовно имало тепачки.
„Секојдневно се предизвикувавме за време на тренинзите, имаше тепачки и постоеше внатрешна правда која не сум ја видел во други клубови. Никогаш не прифаќавме некој да не се труди на тренинзи, се удиравме и моравме да победиме секој ден.
Можеби вака звучи сурово, но постоеше еден силен тимски дух кој беше клуч на сите успеси“, изјави Солскјер.
Неговата изјава многумина ја сфатија како кревање на атмосферата пред првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите на Манчестер Јунајтед против Барселона кој се игра в среда на Олд Трафорд.