Шпанската принцеза Мариа Тереса (87) од кралското семејство Бурбон-Парма починала во петокот откако се заразила со коронавирус, пренесува „Мирор“.
Принцезата била позитивна на коронавирус, а таа е прва принцеза која е жртва на смртоносниот вирус.
Братот на принцезата, 79-годишниот принц Сикстус Хенри од Бурбон-Парма, ја потврдил тажната вест за медиумите. Мариа Тереса е една од досега 5.000 починати жители во Шпанија од коронавирусот.