Шпанска „тортиља“: Рецепт за брз ручек од околу 200 денари кој ќе ги воодушеви љубителите на компири

689

Барате рецепт за едноставен, брз ручек кој ќе ве засити? Пробајте ја т.н. тортиља од компири, традиционалното шпанско јадење кое се прави со намирници кои што секогаш ги имате во кујната.

Состојки за тортиља од компири:

– 4 средни компири;
– 1 поголем кромид;
– 4 јајца;
– 6 големи лажици маслиново масло;
– сол и бибер.

Подготовка:

1. Излупете го компирот, измијте го и исечкајте го на помали коцки, а кромидот исечкајте го на ситни парчиња.

2. На тава загрејте 3 лажици маслиново масло, ставете го кромидот и динстајте го додека не пожолти. Потоа додадете го компирот во тавата, па и него динстајте го заедно со компирот. Посолете и ставете бибер, па тргнете ја тавата од оган кога компирот малку ќе се запече.

3. Јајцата ставете ги во поголем сад, додадете малку сол и изматете ги. Додадете ги во запечениот компир и кромидот, па малку помешајте ги.

4. Во тавата во која што го подготвувавте компирот ставете три лажици масло и загрејте, па додадете ја цела претходна мешавина – јајцата, компирот и кромидот.

5. Оставете ги така во тавата на тивок оган, без да ги мешате за побрзо да се запече смесата. Кога ќе видите дека дното веќе е запечено, тавата покријте ја со чинија, па превртете и извадете тортиља.

Нејзината долна страна ќе биде горна, па вратете ја во тавата за да се запече и нејзиниот горен дел. Кога ќе се запече и другата страна, тортиљата е готова.

Совет:

Во тортиљата може да додадете и малку исецкана сланина или пак колбаси. Нив во јадењето додадете ги во фазата на динстање на кромидот, па потоа постапката спроведувајте ја по рецептот напишан погоре.

Инаку, тортиљата може да ја надополните и со туна од конзерва. Неа треба да ја додадете во јадењето кога е во фаза на соединување на јајцата со компирот и кромидот. Значи кога ќе ги изматите јајцата, па ќе ги додадете во останатата смеса.

Пријатно јадење!