Шпански фудбалер случајно дознал дека е принц – наследил остров и милионско богатство

394

30-годишниот шпански фудбалер Жорди Амат минатата година добил индонезиско државјанство, благодарение на неговата баба која влече корени од оваа земја, а за време на процесот дознал дека има статус на принц на островот Сиау, со што стекнал титула и значајно богатство.

Амат како наследство го добил тамошниот остров и милионско богатство, без притоа да биде свесен со што располага.

Жорди Амат е роден на периферијата на Барселона, а неговите родители се од Каталонија. Меѓутоа, неговата баба има потекло од островот Сиау во Индонезија. Станува збор за остров со површина од околу 160 квадратни километри, а на истиот живеат нешто повеќе од 45.000 луѓе.

 

„Знаев дека постои можност да добијам индонезиско државјанство поради мојата баба и тоа отсекогаш ми било интересно поради нејзините приказни“, раскажал Амат во разговор за „Marca“.

На крајот се утврдило дека неговата баба е во далечна роднинска врска со индонезискиот крал, а неговиот прадедо бил владетел на островот. Тој сега, во поголем дел, припаднал во рацете на фудбалерот кој, по малку неочекувано, добил и голема одговорност.

Амат во кариерата настапи за повеќе клубови како Еспањол, Рајо, Свонси, Бетиз и Еупен, а моментално игра за Јохор Дарул Тазим од Малезија.

Покрај тоа, Амат дебитираше за Индонезија и за репрезентацијата на својот нов дом одигра веќе 4 натпревари.