Шпански новинар во неверица: Тоа што го видов на „Маракана” е…

1332

Црвена Звезда го прекина деценискиот пост од учество во Лигата на шампиони. Тие во дуелот против Наполи покажаа големина и успеаа да покажат дека на стадионот ,,Маракана” ќе бидат ,,тврд орев” кој ќе биде тежок за освојување.

Фудбалерите на Црвена Звезда имаа поддршка од своите ,,Делии” кои целиот натпревар во еден глас без престан ги бодреа своите фудбалери. За тоа каква била атмосферата доволно говори и видеото кое го постирал познатиот шпански новинар Аитор Лагунас, кој упати пофални зборови за ,,Делиите”.

– Чекаа 27 години да ја слушнат химната на Лигата на шампиони. И одеднаш така силно запејаа, да не можеш да ја слушнеш. Една од најголемите работи која сум ја видел во животот, – напиша шпанскиот новинар на социјалните мрежи.