Шпанското кралско семејство во беспрекорно модно издание: Кралицата Летиција со ќерките објасни што значи стил

666

Додека шпанската кралица Летиција одамна е позната како вистинска икона на стилот, принцезите Леонор и Софија – нејзините ќерки, се тинејџерки, но секогаш перфектно облечени.

Како што стојат работите, очигледно дека за неколку години и двете ќе бидат вистински модни кралици чиј стил ќе го копираат дамите ширум светот.

По повод официјалната посета на градот Картагена, шпанското кралско семејство било во полн состав, а модните комбинации на дамите се вистински хит.

Кралицата Летиција блескала во својот фустан кој што веќе неколку пати досега го носела, додека пак помладата принцеза Софија носела црвен фустан од шпанскиот бренд „Sfera“.

Сепак, очигледно дека најголемо внимание привлекла принцезата Леонор. Таа носела карирано фустанче со тренд детали на него и волуменизирани ракави, а истиот фустан се распродал во рекордно време откако младата принцеза се појавила во него.

Покрај тоа, таа носела нежен капут од брендот „Adolfo Dominguez“ и црвени балетанки.

Сите три едноставно блескале во своите модни комбинации.

Дали ви се допаѓа?