Српската водителка и сопруга на познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ, Јована Јоксимовиќ, има идеја што да прави со стоте евра, кои ќе ги добие како и секој полнолетен граѓанин на Србија. мерка најавена од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Јас навистина ќе се заложам да се направи некаков фонд за сите оние кои немаат животна потреба за тие 100 евра, а тие 100 евра да ги уплатат во фондот на нашите доктори, бидејќи навистина мислам дека тие се најголемите јунаци, всушност ние не знаеме какви се тоа јунаци и со што се соочуваат. Ние како новинари имаме прилика со нив да зборуваме секоја недела. Неверојатна е таа жртва и посветеност кои тие ја полагаат. Така да, ете, тие свои 100 евра јас ќе ги уплатам во некоја болница, во некоја клиника, рекла Јована.