Што прават здравите и среќните луѓе поразлично од другите: Навики кои треба да ги внесеме во нашите животи

729

Не е тајна дека времето во кое живееме е предизвик. Паралелно треба да работиме на успехот на нашата кариера, да се грижиме за својот приватен живот и по можност да бидеме во супер форма. Некои ќе успеат во сите сегменти, но сепак нема да бидат среќни. Додека, други ќе го поминат животот обидувајќи се да го достигнат тој идеал. Доколку постојано ги повторувате истите или сличните дејствувања, јасно е дека вашата ситуација нема да се промени.

Личниот тренер Џемјс Андерсон открива кои навики треба да ги воведеме во нашите животи. Поточно, тој го претставува концептот по кој живеат среќните, здравите и фит луѓето.

За почеток истакнува дека мораме да си поставиме цели. Имајќи предвид дека тука постои психолошки момент кој не тера да се стремиме кон тоа да ги оствариме целите, на тој начин всушност ние напредуваме. Исотото се однесува и на вежбањето. Доколку сакате да се доведете во топ форма, на почетокот поставете си одредена тежина до која сакате да дојдете и потоа внимателно работете на постигнување на истата.

Што се однесува на исхраната, Андерсон вели дека е важно да се држите до размерот 80:20, што значи дека поголемиот дел од оброците кои ги јадеме треба да бидат здрави, а само некогаш да си дозволиме да јадеме нешто што и не е толку хранливо, а нам ни е вкусно.

Уште една клучна навика е да го пронајдете она што ви одговара. Не го сакате вкусот на овесните снегулки или на спанаќот? Пронајдете некои други здрави продукти, бидејќи навистина постојат во изобилство. Не ви се допаѓа да вежбате во теретана? Пробајте некој друг вид на вежбање во група или запишете се на некој друг спорт. Не се плашете да излезете од својата удобна зона. Поставете си цели кои за вас ќе бидат предизвик, а не нешто за кое знаете дека ќе го совладате со леснотија.

Сепак, клучно е да не го земате сето ова преозбилно. Што значи тоа?

Па, целта на вежбањето и правилната исхрана е здравјето, а на здравјето секако не му правите услуга доколку сте постојано под стрес и внимавате на секој чекор. Немојте преозбилно да се сфаќате и себе – во ред е понекогаш да го прескокнете тренингот и да признаете дека ви е потребна помош при изведување на некои вежби или осмислување на следниот оброк.

Никој нема да ви каже дека на тој пат забавата е забранета. Но, повторно се враќаме на размерот 80:20 и навиките кои среќните и здравите луѓе никогаш не ги заборавате – рекреацијата не смее да стане пропратна активност, туку начин на живот.

Мораме да ја спомнеме и благодарноста како една од главните животни филозофии.

Според искуството на Џејмс Андерсон, среќните луѓе се секогаш благодарни луѓе и тоа во смисла на најмалите животни радости. Можеби звучи малку чудно, но обидете се да бидете благодарни за секој нов ден и ќе видите како такиот пристап ја менува вашата перцепција на подобро. Дружете се со различни луѓе и не го запоставувајте градењето на длабоки врски. Тие ќе ви бидат потпора на патот кон подобрата верзија од себе.

Секако, голема среќа ќе пронајдете во реципроцитетот, односно помагањето на другите да станат подобри и позадоволни личности. и на крајот, важно е да се потсетите на потребата за приватното време кое можете да го минете во мир и тишина. Многу е важно да си бидете добро друштво сами на себе.