Елетра очигледно има сè: изглед, богатство, сопруг, но – како сето тоа да не ѝ е доволно.
Елетра Ламборџини (27), најпозната е по тоа што е внука на славниот Феручи Ламборџини, а таа живее класичен живот на богата наследничка.

Минатиот викенд била снимена на плажа на грчкиот остров Миконос каде уживала со пријателката Пагани.
Девојките се капеле и сончале, а кога ќе им станело прежешко уживале во возењето по луксузното летувалиште.
Елетра, која наводно сака природен изглед без силикони, ја покажала атрактивната линија на тело во бикинито.

Инаку, таа во 2016 година на доделувањето на „MTV“ наградите дошла во проѕирен комбинезон без долна облека.
Подоцна била и на насловната страница на популарниот магазин „Playboy“.
„Многумина ми зборуваа дека сум предебела и дека со парите кои ги имам можам да одам на липосукција. Но, јас не сум како оние кои го прават тоа, јас преферирам природен изглед“, изјавила таа тогаш.

Старлетата стана позната во јавноста на почетокот на 2015 година во шоуто „MTV Super Shore“, а поради своето разгалено однесување го добила и прекарот „италијанската Парис Хилтон“.
Во текот на емитувањето на шоуто неа многумина ја нарекува и „убиец“ токму поради однесувањето, а тоа го докажала и во шоуто.
Таа учествувала и во реалити шоуто „Jersey Shore“, а интересно е тоа што била првата учесничка која немала сексуален однос пред камерите.
„За добар секс потребна е страст, а неа тешко е да ја пронајдете во текот на една средба“, објаснила Елетра за која се шпекулираше и дека е бисексуалка.
Сепак, во 2019 година наследничката ја споделила информацијата дека се верила со холандскиот диџеј Афроџек, а минатата година кон крајот на месец септември се венчале на езерото Комо.


