евојчето, како што се тврди на социјалните мрежи, наводно јаде чили пиперки со цел да заработи пари
Со денови кружи видео на социјалните мрежи, кое ја разбранува јавноста, а со молскавична брзина се шири и во домашните медиуми. Имено, станува збор за видео на кое се гледа како малолетна девојка јаде чили пиперки. Солзи и излегуваат од очите од лутина, а лицето кое го објавило видеото на Интернет тврди дека станува збор за сиромашна девојка која ги јаде за да заработи пари.
Според некои страници на Фејсбук, девојчето е задевано од туристи кои за да и дадат пари бараат да јаде лути пиперки.
„Каде ќе ви оди душата“, „човечки ѓубриња го снимаа ова“, „премногу тажно“, „дно над дното“, се само дел од коментарите што се појавија на порталите под ова видео.
Сепак, дали позадината е точно како што се мисли?
Потоа, на мрежите се појави видео, во кое всушност беше објаснето за што станува збор и дека видеото е направено во присуство на целото семејство и служело исклучиво за забава.
توضيح من عّم البنت اللي اكلوها فلفل حار مقابل مبلغ مالي !! pic.twitter.com/rb8L8Crgum
— IᗷᖇᗩᕼIᗰ ᔕᗩᒪEᕼ ابراهيم صالح (@isaleh1010) September 15, 2020
Споменатиот „чили предизвик“ е популарен на социјалните мрежи веќе некое време и е само еден од низата начини да се „забавуваме“ на платформи кои сè повеќе го окупираат нашето внимание. Слично на ова беше и „предизвикот со цимет“, кој исто така беше крајно опасен.