ШТО СЕ СЛУЧИЛО КОГА ДРУШТВО ОД БАЛКАНОТ ОДЛУЧИЛО ДА ПЕЧЕ ЈАГНИЊА ВО ПАРК ВО ГЕРМАНИЈА

656

Една сончева недела во мај лани, берлинската полиција добила позив да излезе на терен: „Ве молиме, дојдете веднаш во паркот Фридрикшајн. Луѓе од автомобили вадат овци – цели и без кожа!“ Се испостави дека се работи за околу 150 луѓе кои се самоорганизирале да испечат 12 јагниња на електрични ражни, споени на автомобилски акумулатори.

Полицијата прилично опуштено реагирала на оваа, за Германци прилично егзотична слика, за што помогнало и друштвото кое се покажало скроз кооперативно: ражните биле размонтирани а материјалот вратен во колите.

Се покажало дека се работи главно за луѓе со потекло од Босна кои решиле, малку задоцнето, да го прослават својот верски празник.

„Болна култура“, „ниеден нормален граѓанин не би дошол на ваква идеја“ пишале дел од згрозените кои реагирале на социјалните мрежи.

Дискусијата станала толку жестока што морала да се вклучи и полицијата објаснувајќи дека се работи за банално прекршување на законот бидејќи тие дозволувале пафтање скара во паркот но „само во порции кои ги собира во чинија,“.

Организаторите на овој “настан” ќе треба да платат казна од 5.000 евра.

Меѓутоа, не е проблемот само во 12-те јагниња кои беа ставени на ражен во германскиот парк, бидејќи германските прописи дозволуваат да се пече цело прасе или јагне.

Проблемот е во тоа што организаторите на овој “настан” ги распалиле скарите на места кои не се предвидени за тоа, па го загрозиле тревникот. Скарата мора да биде оддалечена 2 метри од дравата, а кој не се придржува на тоа, ќе добие казна.