Мадона во последно време не престанува да интригира, а со последната фотографија од низата кои ги објави на Инстаграм, предизвика лавина негативни коментари.
Поп дивата позирала со чаша вино во рака, а она што предизвикало големо внимание е нејзиното лице, поточно, промените кои се повеќе од очигледни.
Според нејзините фанови, Мадона повеќе не личи на себе, а нејзините следбеници ја молат да престане да го коригира лицето и да ја намали посетата на естетските клиники, но и употребата на Фотошоп.
„Јасно е дека не изгледа волку ужасно. По секоја цена сака да изгледа младолико, а вака е само смешна. Овде веројатно се работи за Фотошоп“, е само еден од коментарите.