Што се случува со очите на Џордан? Фановите тврдат дека легендата на НБА има проблеми со црниот дроб

511

Кошаркарските “сладокусци” се опседнати со документарната серија “The Last Dance” (Последниот танц) која зборува за шампионската дружина Чикаго Булс со акцент на лидерот на тој тим, неприкосновениот Мајкл Џордан.

Бројни нови детали испливаа од тоа време, но многумина кои ги изгледаа досегашните епизоди ги заинтригира уште еден детаљ кој не е директно поврзан со содржината – жолтите очи на Мајкл.

За тоа многу се полемизира деновиве, па се развиваат разни теории од кои речиси сè се сведува на впечатокот дека најголемиот на сите времиња пати од одредена болест.

Една од теориите е дека Џордан има жолтица од која делови на кожата како и белките пожолтуваат поради зголемување на билирубинот во крвта, што се случува како последица на неправилната функција на црниот дроб.

Меѓутоа, Џордан никогаш немал сериозни здравствени проблеми – барем тие не ѝ биле познати на јавноста.

Постои цела низа нарушувања кои доведуваат до ваквата состојба на очите. Хепатитис, како и цироза, две болести кои се поврзани со црниот дроб исто така можат да влијаат на промена на бојата на очите кај заболените, како и одредени дисфункции во работата на панкреасот, но и присуство на камен во бубрезите.

Исто така, анемијата и болестите и крвните садови како и употребата на одредени медикаменти можат да предизвикаат таква промена на белките.

Во морето полемики на оваа тема се издвојува и онаа дека црниот дроб на Џордан е оштетен поради прекумерната употреба на алкохол и практикување на разни нездрави диети.

Во секој случај, освен што навивачите го коментираат хит документарецот, жолтите очи на Џордан веќе со денови се предмет на дебата на социјалните мрежи.