ШТО ТОЧНО ИМА ВО ВАКЦИНАТА PFIZER? КОМПАНИЈАТА ОБЈАВИ СПИСОК НА СОСТОЈКИ ПОРАДИ АЛЕРГИСКИ РЕАКЦИИ

574

Д-р Кат Барфорд објасни како луѓето со алергии можат безбедно да се вакцинираат.

Вакцината против вирусот корона беше на насловните страници утрово, откако беше откриено дека две лица кои примиле вакцина против ковид имале силна алергиска реакција. За среќа, обајцата се опоравуваат, но веста вели дека Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи (МХРА) дала совет за претпазливост на Националната здравствена служба на Обединетото Кралство дека секој со историја на „значајни“ алергиски реакции на лекови, храна или вакцини не треба да ја прими вакцината сеуште.

Целосно ги испитуваме двата извештаи што ни се пријавени како приоритет. Кога сите информации ќе бидат прегледани, ќе ви испратиме ажуриран совет – беше речено во Агенцијата за регулација. Специфичната причина и природата на алергиските реакции остануваат нејасни.

Други состојки се:

„Луѓето кои имаат алергии генерално можат безбедно да се вакцинираат, а ризикот од алергиска реакција е редок, иако може да зависи од видот на алергијата што ја имаат“, изјави за порталот Мирор, д-р Кејт Басфорд од Интернет доктор.

– Ако сте загрижени за која било од вашите алергии и како тие можат да влијаат на вашата реакција на вакцината за коронавирус, најдобро е да разговарате со вашиот лекар – додаде таа. Доколку се појави алергиска реакција како одговор на вакцината, сите здравствени работници ќе бидат обучени да знаат како да реагираат.

– Сите здравствени работници кои вршат вакцинации ќе бидат обучени да управуваат со алергиски реакции и треба да имаат пристап до опрема за итни случаи и лекови доколку неочекувано се појави сериозна реакција.

Во некои случаи, кога се знае дека некое лице имало сериозна реакција во минатото, може да се препорача вакцината да се дава во болница каде што пациентот може да се следи повнимателно, заклучува таа.