Летото ни пристигна, јуни го оставаме позади себе, а пред нас е топлиот јули. Месечниот хороскоп ни носи жешки денови, но и жешки љубовни односи. Јули носи нови познанства кои ќе се претворат во врски, а ќе се појават и многу слатки авантури кои нема да ги заборавите.
Ова е месец во кој треба да бидете внимателни околу односите со надредените и колегите.
ОВЕН
Работа
Марс, вашиот владетел ја мотивира вашата енергија и мотивација на 2 јули, така што ќе имате многу интерес да бидете активни на работа. Особен успех ги очекува оние кои се занимаваат со забава, спорт и рекреација. Втората половина од месецот носи поголем успех во однос на набавките, но ќе бидете малку неорганизирани и склони кон грешки. Тоа ќе придонесе и до мали конфликти со надредените.
На полето на финансиите можеби ќе искрснат нови трошоци, но за среќа ќе заработувате повеќе, така што ќе можете да го покриете овој дел. Крајот на месецот ви носи успех во оние работи каде е важна вашата креативност.
Невработените Овни ги очекува работа поврзана со забава и угостителство.
Љубов
Ако сте во врска: Почетокот на јули ви носи нови возбудувања и динамика во врската. Можни се и идеи во однос на заедничкото уредување на домот. Ќе се трудите да воведувате нешто ново и постојано да има свежина во врската. Вториот дел од месецот ви носи мало незадоволство поради неусогласените распореди, така што ќе морате да правите компромиси.
Ако сте слободни: Венера носи желба да влезете во сериозна врска и многу размислувања за иднината. Ќе ви биде лесно да ги освоите симпатиите на другите луѓе и веќе средината на месецот ви носи и нова врска. Некои Овни ќе имаат доста динамичен месец обидувајќи се да ја освојат личноста која им се допаѓа.
Здравје
Ретроградниот Меркур ви носи голем стрес и пад на имунитетот. Можни се и варијации на крвниот притисок.
БИК
Работа
Почетокот од месецот ви носи ангажирање во сите работи кои се започнати, а треба да ги доведете до крај. Најголем дел од обврските ќе успеете да ги завршите на време, но тоа ќе ви помогне и да остварите дополнителна заработувачка. Можно е и да почнете нов и профитабилен проект или нова работа. Вашиот настап ќе биде на висина на задачата и ќе ви донесе позитивни поени. Ќе имате добро чувство како да се претставите пред другите.
Сепак, внимавајте на односите со надредените бидејќи можно е да наидете на барања од нив кои нема да сте во можност да ги исполните.
Невработените Бикови ќе можат да најдат работа во областа на сообраќајот и комуникациите.
Љубов
Ако сте во врска: Можни се мали несогласувања со саканата личност, особено на почетокот на месецот. Незадоволството од страна на партнерот ќе биде поради вашето постојано отсуство. Ќе морате искрено да разговарате и да се прилагодите на барањата на партнерот.
Ако сте слободни: Ќе чувствувате голема потреба да минувате време сами и да се одалечите од оние кои не ви одговараат. Средината на јули ќе отидете на една забава каде ќе сретнете личност која многу ќе ви се допадне. Можна е и врска. Некои Бикови можно е да почнат љубов на работното место.
Здравје
Потребно е повеќе да се движите и да водите здрав живот. На почетокот на месецот ќе имате мали проблеми со желудникот и дигестивниот систем.
БЛИЗНАЦИ
Работа
Почетокот на месецот ви носи подобри преговарачки позиции и односи со колегите, така што ќе бидете успешни на ова поле. Ќе оставате силен впечаток, а можни се и нови обврски и нова позиција. Од 3 јули добивате подобро чувство за вложувања и подобра заработка. Од 8 јули можни се мали конфликти и проблеми во комуникацијата со колегите и надредените. Избегнувајте и големи трошоци и вложувања. Можни се сплетки од страна, од конкуренцијата или некои колеги.
Љубов
Ако сте во врска: Јули ви носи заедничка забава, авантури и квалитетно поминато време. Вашата енергија ќе му одговара на вашиот партнер и одлично ќе се сложувате. Втората половина од месецот носи мали конфликти поради заедничките финансии, но тие се минливи.
Ако сте слободни: Вашата потреба за движење ќе биде засилена. На едно место каде често го минувате времето, вниманието ќе ви го привлече личност која ќе се потрудите да ја освоите. Некои Близнаци ќе стапат во контакт со личност со која порано биле во врска.
Здравје
На почетокот на овој месец можни се проблеми со грлото, но и кардиоваскуларни проблеми. Потребно е добро да се грижите за своето здравје и да го избегнувате сонцето.
РАК
Работа
Ќе се ангажирате околу финансиите овој месец, и тоа ќе ви оди добро. Ќе имате и добро чувство како да се покажете пред другите и ќе имате голем успех на тоа поле. Ќе имате пријатен настап и ќе успеете да се покажете успешно на презентациите и состаноците. Добар месец ги очекува оние кои се занимаваат со убавина, производство на храна. По 11 јули доаѓаат мали конфликти со соработниците за кои ќе морате повеќе да се потрудите да ги надминете.
Љубов
Ако сте во врска: Голем дел од јули ви носи несогласувања со партнерот поради различните ставови. Тоа ќе донесе заладување во заедничките односи, така што ќе биде потребно да дојдете до заеднички прифатливи решенија. Крајот на месецот носи подобрување на односите и потопла љубов.
Ако сте слободни: Ќе бидете привлечени од личност која ќе ви остави многу добар впечаток поради физичкиот изглед, но и начинот на комуникација и позитивната енергија. Спонтано ќе влезете во врска, но можни се разлики во однос на очекувањата, така што можни се несогласувања уште на почетокот.
Здравје
Вашето здравје ќе биде стабилно во текот на месецот. Единствено, ќе треба да се грижите да се трудите поздраво и да конзумирате повеќе течности во текот на топлите денови.
ЛАВ
Работа
Овој месец ќе можете да се посветите на приоритетите и да завршувате повеќе работи истовремено. Ќе остварите голем успех ако се занимавате со менаџмент или сте на некоја раководна позиција. Повеќе време ќе поминете позади затворени врати, завршувајќи ги работите кои се важни. Овој месец време е да поработите и на својот личен настап и изглед, за да можете да бидете поуспешни во преговорите. Некаква обука не би била на одмет. Избегнувајте контакт со луѓе кои се занимаваат со чудни работи кои не ги разбирате, а ви делуваат лошо или нелегално.
Љубов
Ако сте во врска: Можни се мали несогласувања со саканата личност, па затоа избегнувајте да делувате позади грб, да флертувате и да влегувате во тајни врски. Ќе треба да се потрудите да ги надминете тешкотиите и да и излезете во пресрет на саканата личност. Потребни ви се заеднички моменти во кои ќе уживате. Потрудете се да ги создадете.
Ако сте слободни: Можно е да се заљубите во личност која ќе биде зафатена или во брак. Тоа нема да го знаете од почеток, туку вистината ќе ја дознаете по некое време. Сепак, вториот дел од месецот носи можност да запознаете нормална личност која е одлична за врска. Не ја пропуштајте оваа прилика.
Здравје
Можни се болки во грбот и вратот, поради слаба физичка активност. Потрудете се да го смените тоа.
ДЕВИЦА
Работа
Почетокот на месецот носи проблеми од страна на некоја личност која ќе сака да оствари успех на ваша штета. Исто така, бидете внимателни во односите со надредените бидејќи можно е долго да паметат некои работи кои сте ги направиле или кажале. Успех ги очекува оние кои се занимаваат со медицина, хуманитарни активности и генерално помагање на другите. Со некои соработници ќе дојдат до прекин на соработката, но тоа нема да биде поради ваша вина.
Љубов
Ако сте во врска: Потрудете се да ги исполните ветувањата кои ги имате дадено кон саканата личност, а кои ги одолговлекувате веќе некое време. Ќе ви годат интимни моменти со саканата личност, без многу излегувања и гужви.
Ако сте слободни: Ќе запознаете личност која ќе биде заинтересирана за вас и која директно ќе ви покаже дека сака да се гледа со вас. За кратко време ќе се заљубите, но од нивна страна ќе биде предложено тоа да биде тајна. Но, внимавајте – можно е да не се работи за многу искрена личност. Бидете внимателни.
Здравје
Здравјето ќе ви биде чувствително и променливо. Можни се и варирања во крвниот притисок. Потребен ви е витамин Б, вода и различни минерали.
ВАГА
Работа
Овој месец ќе бидете мотивирани да вложите повеќе труд за да ги подобрите односите со соработниците и да ги решите сите тешкотии на ова поле. Ве очекува успех на полињата на прехранбена индустрија, трговија со недвижности, уметнички дела и дизајн. Можни се кавги со колегите во вториот дел од месецот кога ќе дојде до недоразбирања и ќе доцнат проектите.
Овој месец ве очекува и подобра финансиска состојба.
Љубов
Ако сте во врска: Овој месец ви носи повеќе динамика на ова поле. Повеќе ќе излегувате со партнерот и ќе се гледате со заедничките пријатели. Вториот дел од месецот носи можност и за реализација на заедничките планови. Ќе добиете повеќе мотивација и ќе живеете поквалитетно.
Ако сте слободни: Ќе сакате често да излегувате и да се дружите, но нема да размислувате за љубов премногу. Сепак, на една забава можно е да сретнете личност која ќе ви се допадне, а до крајот на месецот ќе станете и поблиски, па можно е да заминете и на заедничко патување. Ќе бидете среќни.
Здравје
Здравјето ќе ви биде стабилно, но добро е да избегнувате промаја и студени пијалоци. Избирајте места каде воздухот е чист и минувајте помалку време во климатизирани простории.
ШКОРПИЈА
Работа
Овој месец ќе вложите голем напор за да постигнете напредок на работа. Знаете дека многу работи зависат од вас и овој месец ќе го искористите за тоа. Ќе настојувате да дојдете до унапредување поради вашите напори. Највеќе успех ќе имате ако се занимавате со областите од менаџмент или спорт. Добро би било вториот дел од месецот да го искористите за годишен одмор. Можни се поголеми тешкотии на полето на комуникации, каде ќе ви биде тешко да се договорите околу многу работи со колегите и клиентите.
Љубов
Ако сте во врска: Овој месец ви носи можност да отидете на одмор и да поминете убави заеднички моменти со саканата личност. Во тоа можеби само ќе ви пречат обврските, но ќе морате добро да се организирате. Крајот на месецот ви носи убава енергија и страст.
Ако сте слободни: Ако одите на патување, овој месец ве очекува летна љубов која ќе ја паметите долго. Можно е да почнете врска на далечина. Ќе делувате многу среќно и неодоливо.
Здравје
Овој месец ќе треба да избегнете изложување на сонце, но и да избегнете намирници кои ќе ви штетат и ќе ви предизвикуваат дигестивни проблеми.
СТРЕЛЕЦ
Работа
Овој јули ќе чувствувате потреба за патувања и одмор, поради големиот притисок со кој се соочивте во изминатиот период. Својата сила насочете ја кон усовршување на своите способности, како и соработката со странство. Динамичен период ги очекува оние кои се занимаваат со сметководство, финансии, банкарство, ќе морате добро да се снаоѓате и прилагодувате. Ако планирате одмор или патување, можно е да се соочите со потреба да го одложите. Бидете внимателни во комуникацијата со клиентите, бидејќи овој месец можни се мали несогласувања. Останете смирени без оглед на тоа колку и да знаете дека сте во право.
Љубов
Ако сте во врска: Важно ќе биде да ги исполните очекувањата на саканата личност и да се држите до ветувањата кои сте ги дале некогаш. Ова е важно бидејќи постојано ќе наидувате на несогласувања со саканата личност. Крајот на месецот ви носи заедничко патување или искрен разговор.
Ако сте слободни: Ќе бидете голем оптимист овој месец бидејќи ќе бидете постојано активни. Уште ви е тешко да запознаете личност која ќе ви одговара како партнер, но овој месец тоа нема да ви пречи толку многу. На крајот на месецот можно е да запознаете личност со силен карактер, која се разликува од луѓето со кои се дружите, но и од вашите блиски.
Здравје
Овој месец, здравјето ќе биде променливо. Ќе имате чувствително грло, желудник и грб. Ќе ви бидат неопходни вежби,но и начин да се справите со стресот.
ЈАРЕЦ
Работа
Во текот на овој месец ќе треба да вложите повеќе енергија во решавање на финансиските проблеми. На ова поле имате многу да средувате. По 7 јули доаѓа успех во преговорите, но пред тоа ќе треба да поминете тешки договори и преговори. На тешкотии ќе наидувате особено ако се занимавате со трговија, комуникација, сообраќај и другите ризични области. Важно е да избегнувате нагли одлуки по 11 јули.
Невработените Јарци ќе добијат можност за вработување во јавниот сектор, економија, но и сезонска работа.
Љубов
Ако сте во врска: Односите со саканата личност ќе бидат доста напнати. Можни се несогласувања околу заедничките цели. Може да дојде до сериозно заладување на односите.
Ако сте слободни: Можно е да почнете да се гледате со личност во ваша близина која ќе ви дава внимание. Ќе ви биде предложено да почнете тајна врска, со што нема да бидете многу среќни но сепак ќе се сложите на тоа. Некои Јарци ќе запознаат интересна личност со која ќе работат на заеднички проект.
Здравје
Бидете внимателни со физичкиот напор, а избегнувајте и стресни ситуации.
ВОДОЛИЈА
Работа
Ќе ви биде потребно многу трпение и напор на ова поле, бидејќи постојано ќе наидувате на тешкотии. По 3 јули доаѓа успех на ова поле особено за оние кои се занимаваат со убавина и козметика, кројачки салони и слаткарници и ресторани. По 11 јули можни се несогласувања и конфликти со надредените, кои нема да ви донесат ништо добро. Ќе бидете соочени со тајни непријатели и силна конкуренција.
Љубов
Ако сте во врска: Поради ретроградното движење на Меркур, можни се конфликти со саканата личност. Ќе се навредувате постојано и ќе се повлекувате во себе, без да сакате искрено да разговарате за тоа што ве мачи. Крајот на месецот ви носи решавање на таквите ситуации, кога е добро и почесто да излегувате.
Ако сте слободни: Личност со која сте се гледале во заедничко друштво досега, ќе почне да покажува интерес за вас во текот на јули. Вие нема да сте сигурни што сакате, но добро би било да и дадете шанса. Можно е да се зближите повеќе од тоа што планирате.
Здравје
Можни се желудочни тегоби и покачен крвен притисок.
РИБИ
Работа
По 3 јули вашата креативност се зголемува и добро би било да ја искористите во вашите тековни проекти. По 8 јули можни се несогласувања со колегите и другите соработници, па така ќе треба да бидете многу претпазливи. Можни се доцнења, лоша организација и грешки. Бидете внимателни во областите сообраќај и комуникации, како и тоа ако сте вработени во голем трговски ланец.
Невработените Риби ќе добијат можност за сезонска или хонорарна работа.
Љубов
Ако сте во врска: Можни се одредени несогласувања со саканата личност, така што никако не смеете да дозволувате да бидете избувливи. Целата комуникација ќе биде чудна и конфузна. Ќе имате различни желби и очекувања.
Ако сте слободни: Јули ви носи повеќе шанси за влез во нова врска. Сепак, бидете внимателни со своите очекувања. Не се врзувајте толку за физичкиот изглед на една личност, колку што треба да се фокусирате и на тоа да сте компатибилни во своите вредности и сфаќања.
Здравје
Бидете внимателни околу здравјето. Потрудете се да се храните поздраво.