Швајцарија: Кантонот Сент Гален гласаше за забрана на бурките

939

Во швајцарскиот кантон Сент Гален речиси две третини од граѓаните се изјаснија за забрана на бурките на јавно место.

Ова е втор кантон кој се изнаснил за забрана на бурките откако таква одлука изгласаа граѓаните во соседниот Тицин пред три години.

Регионалната влада која се противеше на оваа мерка сега ќе мора да го примени резултатот на гласање на кој се одзваа 36 отсто од гласачите.

За прашањето за носење бурка ќе се изјаснат граѓаните идната година на национално ниво. Носењето бурка на јавни места е забрането во Франција и Данска.