Шварценегер уште еднаш ја шокираше јавноста со својата тренинг рутина

896

Тешко е да се поверува дека Шварценегер има 71 година и прави волку тешки и напорни вежби.

За него често се зборува дека е првиот вистински бодибилдер и дека тој е најодговорен за популаризација на овој спорт. Арни 8 пати бил шампион во “Mr. Olimpia”, а за неговата градба и дефиниција и денес тврдат дека е најдобра.

Иако е во седмата деценија, Шварценегер е се уште физички активен и се труди да изгледа добро. Со цел да ги мотивира другите да почнат да водат грижа за своето тело, тој го открил својот “убиствен” тренинг за гради и грб кој го применувал во далечната 1974 година.

Арни е неверојатно активен на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде редовно објавува клипови на кои се гледа како тренира. Тој се труди да им помогне и максимално да ги мотивира своите фанови да се посветат на здравиот живот и да им покаже дека секој човек може да го трансформира своето тело ако вистински го сака тоа.

Затоа, секогаш кога ќе се чувствувате мрзеливо за тренинг и кога сметате дека заминувањето во теретана е неверојатно тешко, потсетете се дека ако човек од 70 години може да ги прави овие вежби, тогаш сигурно и вие можете да се потрудите и да го дадете вашиот максимум да пробате да направите барем половина од неговиот тренинг.

Погледнете го видео клипот од сите најпопуларни тренинзи од 2018 година во која Шварценер доминира во теретана.