Лидерот на шведските демократи има идеја како да заштеди на затворите во скандинавската држава кои се далеку поскапи од тие на Балканот.
Џими Акесон, лидерот на шведските демократи, инаку десничарска партија која според анкетите во пресрет на изборите за Европскиот парламент се наоѓа на второто место, има идеја шведските затвореници да ги испрати во другите земји од Европската унија, поточно во Хрватска, Романија или пак во Естонија.
Според Акесон, еден од најгорчливите проблеми во Шведска е состојбата со тамошните затвори и вели дека во Шведска еден ден на затвореник чини 370 евра, додека во Хрватска, Романија и Естонија затворскиот ден чини 50-тина евра.

„Не е фер ниту одржливо Шведска да троши седум пати повеќе за затворските места отколку другите земји од Европската унија. Веруваме дека тие ресурси би можеле подобро да се искористат, меѓу другото и за јакнење на стандардот“, вели Акесон споменувајќи ги како пример Белгија и Норвешка кои веќе изнајмиле места за своите затвореници во Холандија.
Шведската затворска популација во последните 10 години се намали за 24,4% и сега изнесува 56,5% затвореници на 100 илјади жители – станува збор за една од најниските стапки во Европа.