Силен земјотрес го погоди Родос, луѓето бегаа од кафулињата (ВИДЕО)

700

Земјотрес со јачина од 4,7 степени утрово го потресе грчкиот остров Родос.

Епицентарот на земјотресот е забележан во морето околу 25 километри североисточно од Родос. Земјотресот е откриен на длабочина од 67,4 километри.

Денешниот земјотрес на Родос следува по вчерашниот потрес на островот Касос со јачина од 4,4 степени.

Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.