Силен земјотрес од пет степени, утрово ја погоди Турција

1272

Земјотрес со јачина од пет степени по Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот бил на 192 километри од Измир и на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинети штети.