Силен земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит.
Засега нема информации за повредени лица.
Најпрво стигна информација дека земјотресот е со јачина од 6,2 степени, за потоа да биде намален на 6 степени.
Епицентарот бил во централниот дел на островот Крит, кој се наоѓа на околу 400 километри јужно од главниот град Атина.
После овој силен земјотрес, серија на мали земјотреси со јачина од 3 до 4 степени биле регистрирани во истата област.
minor #earthquake shakes #Crete, #Greece 4 min ago. More info at: https://t.co/RdGfRgL3Di pic.twitter.com/E62iB6Ehco
— EMSC (@LastQuake) September 27, 2021