Силна експлозија на гас во Германија: Повеќе повредени во зградата на Црвен крст во Меминген! Евакуирани околните згради

483

Повеќе луѓе се повредени во експлозија на гас во градот Меминген на југот на Германија, јавува Билд, повикувајќи се на портпаролот на полицијата.

Весникот наведува дека не може да се исклучи можноста од нови експлозии во зградата на Црвен крст во Баварија, пренесува “Reuters”.

Се додава дека најмалку четири лица се повредени, од кои едно лице потешко.

Несреќата се случила рано наутро во околу 6 часот во зградата на Баварскиот Црвен крст, пренесува “Bild”.

Според пишувањето “Allgäuer Zeitung” потешко повредена е жена која е префрлена со хеликоптер во болница во Мурнау. Се претпоставува дека таа жена ја предизвикала експлозијата.

Според весникот станува збор за чистачка која ги чистела просториите на Црвен крст. Кога го запалила светлото дошло до експлозијата, тврди весникот, но тоа не го потврдиле ни полицијата, ни пожарникарите.

По експлозијата евакуирани биле станарите на сите згради во окружение.